Живот и Стил

Животни навики кои можат уште повеќе да го влошат вашето лошо расположение – Еве како да се ослободите од нив

Животни навики кои можат уште повеќе да го влошат вашето лошо расположение – Еве како да се ослободите од нив

Кога сте депресивни, дури и станувањето од кревет може да биде огромен предизвик. Ова се трите животни навики, кои можат да ја влошат вашата депресија.

1. Неактивност

Суштинската карактеристика на голема депресивна епизода е период од најмалку две недели во кој има или депресивно расположение или недостаток на задоволство во речиси сите активности.

Ова може да го отежне наоѓањето енергија за било што. Депресијата може негативно да влијае на вработувањето, училиштето, врските и другите важни области на функционирање.

Депресијата може да го отежни дури и движењето наутро. Додека депресијата прави да се чувствувате како да сакате да останете во кревет цел ден, студиите покажуваат дека умереното вежбање (пешачење 20-40 минути, три пати неделно) е ефикасно во намалувањето на депресијата и ги подобрува долгорочните резултати за депресивните луѓе.

2. Лоши навики за спиење

Нарушувањето на сонот е всушност еден од симптомите на депресија и на тој начин може да започне негативниот циклус на спиење. Нарушувањето на сонот може да биде во форма или на несоница (тешкотии при заспивање) и останување во сон, или да се манифестира преку премногу спиење.

За работите да бидат уште покомплицирани, хроничното лишување од сон е исто така поттик за депресија, создавајќи маѓепсан круг во кој нарушувањето на сонот е и симптом и предизвикувач за депресија.

Една студија на адолесценти покажа дека намалениот сон го зголемува ризикот од депресија, што пак го зголемува ризикот од намален сон. Се чини како циклус кој не завршува.

3. Социјална изолација

Кога животот е тежок, природно е да се свртите повеќе кон себе. Можеби се чувствувате непријатно и не сакате да посегнете по социјална поддршка во моменти кога излегувањето од вратата наутро ви изгледа како невозможна задача, но сепак направете го тоа.

Силната социјална поддршка е токму она што ви треба во моментов. Истражувањата покажуваат дека социјалната поддршка ја ублажува генетската и еколошката ранливост за ментални болести преку обезбедување стратегии за справување и градење отпорност на стрес.

Социјалната поддршка е повеќе од само брз телефонски повик. Поминувањето време со пријателите или членовите на семејството може да ви помогне да ги надминете вашите мисли и чувства во безбедно опкружување.

извор:курир.мк