Живот и Стил

Зошто интелигентните и моќни мажи пијат виски?

Зошто интелигентните и моќни мажи пијат виски?

Џејмс Бонд е познат по тоа што сака добар пијалок. Во „Skyfall“ тој пие виски заедно со неговиот антагонист Силва. Ова изгледа направи тој да премине од неговото традиционално мартини на виски, затоа што и во наредниот филм за Џејмс Бонд, двојниот агент повторно пие виски.

Човек мора да се запраша дали е ова само реклама за шкотската алкохолна индустрија која го прави тој бренд, но не мора долго да се мисли, затоа што повеќето луѓе се согласуваат дека на  доброто виски не му треба маркетинг.

Причината за ова е тоа што со декади, па и векови, овој пијалок го претставува се она што Бонд го има: мажественост, моќ, интелигенција и храброст.

Но, зошто сите, почнувајќи од гангстерите од високата класа од холивудските филмови до банкарот од Волстрит и сите останати коишто имаат големи амбиции, пијат виски?

Одличната репутација на вискито е многу стара

Стефан Габани знае што зборува кога станува збор за виски. 23 години работел како експерт за виски во еден од најпознатите барови во Минхен. Тој оттогаш има отворено свој сопствен бар за квалитетен алкохол.

Тој верува дека вискито ја добило својата репутација од една причина: Неверојатниот маркетинг на Шкотите во 19 век. Тој вели: „Шкотите уште многу рано сфатиле дека нивниот продукт ќе се продава подобро ако со него доаѓа и определена слика. Па така тие го продавале вискито во Англија како сировата убавина од планинската земја.“ Тие го рекламирале вискито како нешто диво и благородно. Францускиот коњак бил оштествено прифатливиот пијалок во тоа време, но вискито било нешто специјално.

Остатокот е историја: Огромната империја на Велика Британија со себе носела и огромно културно влијание. Така вискито дошло до Индија и САД, придружено со одлична слика на моќ и опасност.

Неверојатната работа е тоа што оваа репутација се уште стои. Вискито се смета за пијалакот на интелигентните и моќните и тоа поради овие 6 причини:

Вискито е мажествено

Габани вели: „Во 19 век, жестоките пијалоци биле пијалоци за мажи, со многу малку исклучоци. Силниот и остар вкус на вискито бил најдобар пример за мажествен пијалок.“

Американските писатели често го користеле овој мажествен, див и благороден пијалок како средство за да го опишат архетипот на „осамениот волк“, а тоа најчесто се ликови како каубоите и гангстерите од  Западот. Холивуд ја задржал оваа слика и ја направил уште попопуларна.

Така вискито станало пијалок за мажите, факт кој не можат да го променат дури и познатите жени кои пијат виски како Ава Гарднер и Хилари Клинтон.

Вискито е скапоцено и уникатно

Правењето виски не е скап бизнис. Она што е уникатно кај вискито е начинот на кој старее. Доброто виски се остава да созрее во дрвени буриња. И колку подолго созрева, толку е подобро. Затоа и најстарите вискија се најретки.

Но, најдобрите вискија се и уникатни.  Секое виски може да има различен вкус во зависност од тоа колку време созревало и во каков тип на буре.„Мекалан М“  е најскапиот тип на виски во моментов. Во 2014 година 1.5 галон од вискито било продадено за 630.000 долари.

Вискито го купуваат луѓе кои гледаат во иднината или едноставно сакаат да уживаат во неа

Откако ќе го надминеме периодот во животот кога се мачиме за да ги обезбедиме неопходните работи, треба да почнеме да размислуваме за иднината. Некои луѓе купуваат злато, некои инвестираат во недвижнини, а некои купуваат виски.

Собирачите на виски можат да купат ново издание за 150 долари и потоа откако ќе „остари“ да го продадат за неколку илјади долари.

Вискито е симбол за општествениот статус

Издигнувањето на шкотското виски пред стотици години објаснува зошто вискито се гледа како еден вид симбол за општествениот статус. За шкотскиот крал Џејмс IV се вели дека бил првиот благородник кој го пробал пијалокот во 1506 година. Потоа тој го донес во својот двор и во повиските општествени слоеви во државата. Кога вискито дошло во Англија, било претставено како пијалок за високите класи. Габани вели: „Морнарите пиеле рум, но офицерите и генералите пиеле виски.“

Можеби тоа е и причината поради која денес вискито е симбол за богатство. Вискито станува се попопуларно во држави како Кина, Бразил и Индија. Ова не е случајност: Ова се земји во кои се зголемува бројот на богати луѓе. Ако домаќинот служи виски на своите гости, тоа е знак за неговото богатство.

Големите мажи низ историјата пиеле виски

Винстон Черчил и писателот Марк Твен биле големи обожаватели на виски. Писателот Џорџ Бернард Шо за вискито рекол дека е „течно сонце“. Франк Синатра многу сакал виски, дури и бил погребан заедно со шише Џек Даниелс.  За овие луѓе вискито не било само некакво скриено задоволство, тоа било израз на нивниот животен стил.

Ако имате познавања за вискито делувате образовани

Не е случајно тоа што вискито понекогаш се нарекува виното од Волстрит. Ова е пијалок за кој луѓето обожаваат да зборуваат со своите бизнис партнери со цел да ги импресионираат. Секој кој знаее да каже приказна за историјата на вискито и вкусот на вискито ќе делува образовано и интелигентно.