Живот и Стил

Женските костими за капење со машки торза се дефинитивно најлудиот тренд ова лето

Женските костими за капење со машки торза се дефинитивно најлудиот тренд ова лето

Летото не е резервирано само за излежување на плажа и пиење коктели, туку и за пливање, сурфање, нуркање и бројни други активности покрај морето.

Затоа дамите внимателно ги следат модните трендови и долго размислуваат за каков костим за капење ќе се одлучат.

Меѓутоа, новиот летен тренд нема да им се допадне на припадничките на понежниот пол, а веројатно ниту на мажите. Овој тренд станува сè попопуларен, а се работи за костим за капење со влакна односно со слики од машки влакнести торза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beloved Shirts (@belovedshirts)

Компанијата „Beloved Shirts“ го претстави ваквиот костим минатото лето, а и тогаш предвидуваа дека ќе стане хит во летната сезона 2021 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beloved Shirts (@belovedshirts)

Овој костим за капење доаѓа во разни нијанси така што ќе можете да го пронајдете оној кој му одговара на вашиот тен, а за да си го дозволите ова лудо парче, ќе мора да издвоите околу 40 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beloved Shirts (@belovedshirts)

извор: точка.мк