Живот и Стил

Жена роди шест бебиња во Полска

Жена роди шест бебиња во Полска

Во Универзитетската болница во Краков, јужна Полска, жена со царски рез родила шест деца, што е прв таков случај во земјата. Од бебињата, четири се девојчиња, а две машки.

Веројатноста да се родат шест бебиња одеднаш, е еден спрема пет милијарди. Мајката и новороденчињата се добро.

-Ова е првпат во Полскa да се роди шестка, а тоа е ретко и во светски рамки… А всушност, докторите очекуваа пет бебиња, изјави одговорниот во болничкото неонатолошко одделение, Ричард Лотербах.

Родителите добија честитки  и од полскиот претседател Анджеј Дуда, а локалниот фудбалски клуб Краковија понуди доживотни влезници за нивните натпревари.

извор: Курир.мк