Живот и Стил

Земјата во која сите сакаат да остарат – го зазеде првото место на листата, еве и зошто

Земјата во која сите сакаат да остарат – го зазеде првото место на листата, еве и зошто
фото:„cBouh-stuart“

Според податоците на една финансиска фирма, Флорида е најдоброто место за живот на пензионерите, но пред одлуката за преселување сигурно би требало да ги разгледате овие фактори.

Најдобрата сојузна држава во САД за живот на пензионерите, а воедно и онаа која што добар дел од Американците сакаат да ја избегнат, барем засега е Флорида.

Околу 25 отсто од жителите на Флорида имаат 60 и над 60 години, а најмногу им одговараат преубавите плажи и топлото време.

Просечната цена на куќа таму е 252.000 долари, а животниот век на Флорида е 80 години, покажало истражувањето.

Оваа држава која што се мие во сонцето сега е на првото место на листата за најдобри места за живот за пензионерите.

фото:„cBouh-stuart“

Моментално Американците не сакаат да живеат таму поради високиот процент на заразени од коронавирусот, што гувернерот го потврди минатата седмица.

Сепак, еднаш кога пандемијата дефинитивно ќе помине, оваа земја повторно ќе стане рај за повозрасните граѓани.

На споменатата листа, веднаш зад Флорида се наоѓаат: Минесота, Ајова, Охајо, Тексас, Висконсин, Небраска, Пенсилванија…

Еден просечен дом најмалку чини во Ајова (154.727 долари).

извор:супермен.точка.ком.мк