Живот и Стил

Зелено смути против акни

Зелено смути против акни

Зелениот зеленчук е полн со хранливи материи, минерали и влакна, а токму тие може да ви помогнат и доколку се борите со лош тен и акни по лицето.

Доволно е да го пиете ова зелено смути еднаш во денот, во рок од две недели за да видите позитивни промени на лицето и чистење на целата кожа.

Кивито е добар за колагенот, бидејќи содржи витамин Ц, а во комбинација со спанаќот кој е богат со железо, може да направи чудо.

Ви требаат само 3 состојки:

  • 2 шолји спанаќ
  • 2 кивија со средна големина
  • 1 излупена лимета

Изблендирајте ги сите состојки неколку секунди.

Пијте го смутито во кој период од денот и да посакате.