Живот и Стил

Здодевно ви е во карантин? Испланирајте некое од овие незаборавни патувања за подобрите времиња кои доаѓаат

Здодевно ви е во карантин? Испланирајте некое од овие незаборавни патувања за подобрите времиња кои доаѓаат

Иако вашите пролетни патувања пропаднаа, зошто да не го искористите слободното време кое сега го минувате во вашите домови и да испланирате некои интересно идно патување на кое ќе одите кога се ќе се врати во нормала.

Еве неколку предлози:

Ладак, Хималаи

Преку пет планински превои трговските каравани од Индија доаѓале во мирното будистичко кралство Ладак, сокриено длабоко во Хималаите. Ладак бил дел од Тибет, подоцна се одвоил, но ја зачувал прастарата култура на тибетанскиот будизам која сега е речиси уништена во самиот Тибет. Поради тоа често го нарекуваат и “мал Тибет”.

2. Мадагаскар

Со неколку различни климатски зони и екосистеми, Мадагаскар е земја на контрасти. Понекогаш овој остров се нарекува и осми континент поради неверојатниот биодиверзитет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ويزاي شينگن ، ويزاي كانادا (@sabzineh.ir) on

Салта, Аргентина

Живописната Салта е спој на архитектура од стариот свет и модерни забави – навистина префинето боемско место. Ќе се восхитувате на деталите на фасадите на старите градски градби додека шетате од музеите до пазарите.

Фарски острови, Данска

Фарските острови се познати по прекрасните и зелени брдести предели, каде не може да се види ниедно дрво, но може да се ужива во единствениот феномен во текот на летото, кога тревата ја менува бојата по неколку пати во текот на денот. Не треба да се каже дека таквите природни убавини на овие островски групи привлекуваат сликари до целиот свет кои тука наоѓаат инспирација за своите дела.

Вади Рум, Јордан

Величествената и истовремено сурова пустина важи за една од најубавите на нашата планета. Нејзината убавина, безграничното пространство и грандиозноста ги воодушевува љубителите на природата.

фото: гети имагес

Мергуи архипелаг, Мјанмар

На југот на Мјанмар, долж границата со Тајланд, лежи архипелагот Мегуи во Андамснкото море, со дури 800 острови, специфичен по коралните гребени. Интересно е дека овој архипелаг го сочинуваат дури 800 острови, кои се окружени со корални гребени. Пред 20-тина години овој архипелаг бил отворен за туристи кои трагаат по егзитични дестинации, а најчесто го посетуваат нуркачи поради разновидниот морски живот.

извор: точка.мк