Живот и Стил

Запрете ги симптомите на менопауза со овие два чаеви

Запрете ги симптомите на менопауза со овие два чаеви

Менопаузата е период во којшто доаѓа до запирање на овулацијата, поради падот на естрогенот и прогестеронот во телото. Оваа состојба претставува збир на симптоми и промени низ кои проаѓа секоја жена. Првиот знак за менопауза е промената во редовноста на менструацијата. Тогаш може да дојде до обилни крварења или пак, може да се случи спротивното и менструацијата да стане се поретка.

Чаевите препорачани за менопауза се корисни за оживување на изморениот организам. “Водата од рози”, која се подготвува со потопување на ливчиња од роза во дестилирана вода, е традиционален лек на Блискиот исток, за ублажување на најстрашните симптоми од менопаузата.

Чај – Топлотен бран

Ставете една лажичка од цветовите на растението кардамон (Leonurus cardiaca) и листови жалфија во филџан. Истурете 6 децилитри врела вода и засладете со сладок корен (Glycyrrhiza glabra), освен ако имате висок крвен притисок, затоа што коренот содржи натриум и ја задржува водата во телото.

Чај од липа

Цветот треба да го соберете непосредно по неговото процветување во средината од летото. Потоа оставете ги да се исушат. Направете чај така што цветовите липа ќе ги измешате со врела вода. Откако ќе го оставите да отстои, најмногу 10 минути, можете да го конзумирате еднаш до три пати во текот на денот.

извор:попара.мк