Живот и Стил

Заборавете на масиленстата боја: Оваа есен ќе се носи нешто поинакво (ФОТО)

Заборавете на масиленстата боја: Оваа есен ќе се носи нешто поинакво (ФОТО)

Есента и зимата кои се пред нас се вистинско време од орманот да ги извадите долгите мантили и бунди со оглед на тоа дека овие парчиња ќе бидат вистински моден погодок во текот на следниот период.

Модните писти во текот на изминатите недели на модата беа преполни со гардероба која ќе се носи во следниот период, а на нив веќе можевме да видиме различни креации кога во прашање се јакни, капути и бунди за студените зими. Така, според мислењето на модните експерти, парките со крзно во боја ќе заминат во минатото, а долгите елегантни капути се враќаат во мода, било да сте припадник на женскиот или машкиот пол.

Кога станува збор за боите, доминираат сива, црна, црвена и браон, но и неизоставниот „кариран“ принт на капутите.

 

 

Кожните јакни секако, како и претходната сезона ќе имаат главен збор кога е во прашање модата, се додека снегот не започне да паѓа. Крзнените парчиња кои се актуелни неколку сезони ќе се задржат и оваа. Кога се во прашање боите, во тренд ќе бидат сива, маслинесто зелена, црвена, црна, тегет и браон. За оние зимурлести, кожните јакни кои се поставени со некој потопол материјал исто така ќе бидат многу популарни.

Исто така и бундите, особено оние од вештачко крзно ќе бидат нешто што се почесто ќе се гледа на улиците, со оглед на тоа дека и тие се носат се повеќе.

 

 

Кога се во прашање боите, на модните писти преовладуваат црна, бордо, крем и боја од бело кафе. Што се однесува до материјалите, кожата, особено првертнеа, оваа есен ќе биде апсолутен хит.

Доколку не сте љубители на мантили и бунди, кога станува збор за јакните, најпопуларна боја е бојата на сенфот, која одлично се комбинира со канаѓанки.

 

 

Покрај тоа, оние јакни со силни бои, со различни мотиви врз нив ќе бидат хит. Многу светски брендови овогодишните есенски колекции ги збогатија со различни шари, било да се работи за апстракни цветни мотиви или е во прашање неиозоставниот „анимал“ принт.

Исто така ремените, а особено широките се голем тренд оваа есен, па доколку имате мантил или капут со широк каиш околу половината, сигурно ќе бидете забележани. Уште еден од трендовите кои воедно може да бидат многу корисни се јакни или мантили со две лица.

извор: Кумановски муабети