Живот и Стил

За ефектен изглед: 20 најубави чанти од улиците на Њујорк

За ефектен изглед: 20 најубави чанти од улиците на Њујорк

Њујорчанките се синоним за жени со одважни модни комбинации бидејќи често на инспиративен начин носат неочекувани аксесоари, спој на парчиња или бои.

Но, ретко кој се осудува на она што го носат девојките на улиците на најголемата модна метропола. Таков е случајот и со чантите во црвена боја кои иако се во разновидни форми, многу често се гледаат вклопени во најразлични стајлинзи.

Со кафеава, беж или жолта боја како и прекрасната виолетова, црвените тонови го подигнуваат целокупниот стајлинг на едно многу повисоко ниво.

Покрај моделите на чанти во црвена боја, се издвојуваат и оние со кружен облик, генерално неочекувани форми („згужвани“ чанти) како и оние со потпис на дизајнерите познати по квалитетните аксесоари како „Chloe“, „Michael Kors“ или „Gucci“.

Во продолжение, одбравме фотографии од 20 најубави чанти кои можат да се забележат на њујоршките улици.

извор: точка.мк