Живот и Стил

Во овој град наместо жичарница има лифт што го поврзува долниот со горниот град

Во овој град наместо жичарница има лифт што го поврзува долниот со горниот град

Лифтот Лацерда е јавен лифт во Ел Салвадор кој се наоѓа на северно-источниот брег на Бразил. Тој го поврзува долниот со горниот град односно Сидаде Баха (долен град) со Сидаде Алта (горен град). Долг е 72 метри и ќе ве однесе до врвот за само 30 секунди. Билетот за возење не чини многу, па дефинитивно вреди. Одозгора има фантастичен поглед кон градот и околината.

Првиот лифт од ваков вид во овој бразилски град бил поставен од Језуитите во 17-ти век. Тогаш бил направен интересен систем со јажиња за подигнување на испорачаната стока од пристаништето.

Во 1868 година е заменет со железна конструкција односно лифт на пареа. Сегашниот изглед го добил во 1930 година кога бил вклучен на електрична енергија. Возењето со лифтот е вклучено во бројни туристички пакети во Ел Салвадор, а во 2019 година го користеле повеќе од 33.000 луѓе.

извор: кафепауза