Живот и Стил

Вкусно и здраво: Сок за обновување на црниот дроб

Вкусно и здраво: Сок за обновување на црниот дроб

Со помош на овој сок започнете го процесот на обновување на црниот дроб, а и целото тело.

Овој рецепт помага при детоксикација на телото, до таа мера што го подобрува целокупното здравје!

Состојки: една рака листови нане, 1 лимон, 1 портокал, 2 л вода

Начин на подготовка

Во лонец ставете 2 л вода и една рака листови мента и гответе 5 минути додека не зоврие. Потоа оставете да отстои.

За тоа време исцедете сок од лимон и портокал и ставете го шолја со лажица рендана кора од лимон (претходно добро исчистена).

По желба засладете со две лажици мед. На крај процедете го чајот од мента и измешајте го со сок од лимон и портокал.

Консумирајте секојдневно во текот на една недела, а потоа направете пауза и консумирајте го кога ќе мислите дека ви е потребен.

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од лекар. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.