Живот и Стил

Вкусна чорба со грашок и моркови – Супер ручек на трпеза

Вкусна чорба со грашок и моркови – Супер ручек на трпеза

Направете супер вкусен ручек.

СОСТОЈКИ:
600 гр. грашок
300 гр. моркови
1 главица кромид
1 лажиче црвен пипер
1 лажица брашно
2 лажици масло
1 л. вода
вегета, сол и бибер
ПОДГОТОВКА:
Се сечат лупените кромид и моркови ситно, се пржат на масло во тава, се додава водата за да омекне морковот.
Се додава и грашокот, па се динста со додавање на водата.
Се додаваат зачини.
Се мати брашното со малку вода и се става пред крајот.
Се вари со мешање додека не згусне и спремно е за служење.

извор: готви.мк