Живот и Стил

(ВИДЕО) Водителите на емисијата во живо не можеа да престанат да зјапаат во нејзиното деколте

(ВИДЕО) Водителите на емисијата во живо не можеа да престанат да зјапаат во нејзиното деколте

Водителите на шоуто “This Morning”, една од најпопуларните емисии во Велика Британија, не можеле да престанат да зјапаат во градите на нивната гостинка, поради што подоцна тие се извиниле.

Имон Холмс и Рут Лангсфорд, сопружниците кои го водат шоуто, не можеле да го тргнат погледот од 23-годишната Чидера Егеру, но имале и делумно оправдана причина за тоа.

Имено, Егеру говорела за важноста на својата кампања “Saggy Boobs Matter”. “Имаш длабоко деколте. Тешко е да не гледам во него, но тебе не ти смета”, ѝ кажала Рут и се извинила за фразата “saggy boobs” (виснати гради) која ја искористила.

Чидера ги уверила дека тој термин не ѝ смета, со оглед на името на нејзината кампања. “Не би го користела тој збор бидејќи ми се чини навредлив”, изјавила Рут, а Чидера ѝ одговорила дека тоа е само придавка.

Но, признала дека бројни луѓе го користат овој збор во негативен контекст на социјалните мрежи, што пробува да го промени со својата кампања. “На Инстаграм, луѓето ми оставаат коментари како “Имаш 23 години и виснати гради, зошто?”, објаснила таа.

#SAGGYBOOBSMATTER (Photos by @olufemiphotography)

A post shared by Chidera (@theslumflower) on

Егеру додала и дека реакциите за нејзината кампања се во глобала позитивни: “Тинејџерките ми говорат дека оваа кампања им помогнала да ги откажат консултациите кај своите пластични хирурзи”, додала таа.

извор:точка.мк