Живот и Стил

Велат дека оваа намирница „вреди колку злато“: Во Русија е незаменлива – и храна и лек

Велат дека оваа намирница „вреди колку злато“: Во Русија е незаменлива – и храна и лек

Секојдневното внесување на умерена количина рен, ќе ви помогне вашиот респираторен систем да биде здрав, но и ќе ви донесе многубројни предности.

Со доаѓањето на есента и постуденото време, почнуваат и респираторните инфекции, а тоа што може да го направиме е секако дека треба да го подигнеме нашиот имун систем на највисоко ниво.

Улогата на ренот во исхраната првенствено се состои од тоа што ја надразнува слузокожата на желудникот, а потоа го зголемува лачењето на киселина, а со самото тоа ја подобрува и општата состојба на организмот.

Ренот содржи соединение кое што е наречено синигрин, природен антибиотик кој што ефикасно се бори со респираторните проблеми, а особено со синуситисот.

Што содржи?
Коренот од рен има речиси пет пати повисока количина витамин Ц, отколку лимонот и портокалот. Содржи и јаглени хидрати, белковини, масти, етерични масла, минерални соли и финтоциди, т.е. природни антибиотици.

Тој има остар мирис и лут вкус, па доволно е да го користите во помали количини.

Секојдневното внесување на умерена количина рен помага да ги решите респираторните проблеми, но има и низа други предности.

Ренот помага и во борбата против воспаленија
Синирингот кој што се наоѓа во ренот ги блокира компонентите од имунолошкиот систем кој што предизвикуваат воспаленија, а исто така помага и во борбата против опасните слободни радикали кои што штетат по здравјето во клетките на човечкото тело.

Истражувањето покажало дека исто така ренот помага и при превенција на инфекциите како што се оние во уринарниот тракт.

Она што е многу важно е тоа што доколку имате некакви проблеми со варењето на храната треба да бидете внимателни со консумирањето на ренот затоа што може да предизвика некаква иритација на вашиот стомак.

извор:точка.ком.мк