Живот и Стил

Вечна дилема за сите мајки: Колку треба да јаде бебето?

Вечна дилема за сите мајки: Колку треба да јаде бебето?

Првата мисла на секоја мајка е што и колку треба да изеде нејзиното дете. Колку е помало детето оваа грижа е поголема. Но не треба да се грижите бидејќи детето поседува способност на саморегулација т.е. јаде врз основа на сопствените потреби. Дури ни детето кое се храни со вештачко млеко не ја губи оваа способност.

Почитувајте, ги значи апетитот на бебето и понудете му дојка/шише/ храна секој пат кога е гладно, дозволувајќи му да изеде онолку колку што бара. Ако за брзо го испразни, значи дека му било потребно, ако остави половина значи дека претходните оброци му биле сосема доволни и дека сега сака само да се забавува со вас. Немојте веднаш да паничите бидејќи апетитот ќе му се врати веројатно при следната прилика за оброк.

Немојте да ги слушате оние кои ви зборуваат на детето да не му давате да јаде секој пат кога посака бидејќи тогаш ќе бара храна во секој период. Запомтете-вашето дете не се буди „од навика“ туку поради глад (или некои други физички потреби или пречки) . Ако вие се прилагодите на неговите барања, за кратко време тоа ќе воспостави свој ритам и време на оброци.

 

Што се однесува до зачестеноста на оброците, меѓутоа треба да се води сметка за времето кое е потребно за варење: на почеток на новороденчето му требаат три-четири часа за да свари едно шише. Како што поминуваат месеците, и како што ќе се зголемуваат порциите, детето спонтано ќе го зголемува периодот помеѓу оброци и нивниот број ќе се намали.

Во принцип, детето во првиот месец од животот ќе има 6 оброци, од 2 до 4 месеци ќе го намали тој број на 5 а подоцна со преминот на цврста храна, тој број ќе се намали на 4 оброци.