Живот и Стил

Вака изгледаат најбараните чизми за сезоната есен/зима 2018

Вака изгледаат најбараните чизми за сезоната есен/зима 2018

Ако се ориентираме според светските трендсетерки имаме нови хит чизми за есен/зима 2018. Имено, станува збор за набраните чизми до колена или до половина лист кои ги обожаваат девојките.

Набраните чизми отсекогаш беа присутни на модната сцена, меѓутоа оваа година стануваат неизоставен дел од стилот на жената.

Совршено прилегаат речиси со секоја есенска и зимска комбинација, а дизајнерите новите модели на ова ретро парче ги прилагодиле во секакви бои и дезени.