Живот и Стил

Универзален рецепт за најубави мекици

Универзален рецепт за најубави мекици

Со овој рецепт ќе ги направите најубавите и најмеки мекици.

СОСТОЈКИ:

  • 200 мл млеко
  • 1 јајце
  • 300 мл млака вода
  • 40 гр квасец
  • 1 кг брашно
  • 3 лажици масло
  • 3/4 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Просејте го брашното и во средина направете вдлабнатина, во која ќе го ставите растворениот квасец во млеко со вода, сол, шеќер и 2 лажици масло.
  2. Замесете средно меко тесто и оставете го да нарасне. Премачкајте го тестото со останатата лажица масло и ставете го во пластична кеса. Тестото држете го во фрижидер. На овој начин, можете да го чувате до 5 дена.

извор:готви.мк