Живот и Стил

Удобна и топла постела за ладни ноќи

Удобна и топла постела за ладни ноќи

Есента и зимата се периоди од годината кога најголемиот дел од времето го поминуваме во затворени простории. Ладното време е најголемиот демотиватор за излегувања надвор од домот.
Дружбата со креветот кај повеќето луѓе е една од поомилените активности. Сами или во друштво, во тишина, со добар филм или со омилената музика, одберете сами.

Удобната и топла постела нека биде во служба на вашите зимски активности. Разбудете ја вашата желба за нова декорација во спалната соба, за нова постелнина за вашиот кревет. Нека ладните зимски ноќи и вообичаената „досадана“ постела не бидат причина за лош сон. Создадете мало царство од вашиот кревет, удобно место за пријатни сни.

Изборот на права постелнина е важна за човекот. Добриот сон е неопходен за функционирањето на човекот, а топлата и мека постела има голем придонес за тоа. Лесна памучна, подебела фротирска или пак свилена постелнина, изборот е голем.

Зависно од временскиот период, дали е лето или зима, се бира видот на постелнина, подебела за зима и постелнина од полесни материјали за лето. Дали постелнината ќе биде во нежни неутрални бои, јаки пастелни нијанси, разни шари, форми и дезени зависи од вкусот и стилот кој го негуваме.