Живот и Стил

Трик со сода бикарбона против темни подочници

Трик со сода бикарбона против темни подочници

Ова е еден од „најголемите“ проблеми со кои се соочуваат голем број на жени, а и често пати и мажите. На некој начин преставува и естетски проблем, па нема кој не би сакал да преземе нешто против тоа. Токму затоа, ви предлагаме да пробате домашно решение кое помага против отечени и уморни очи. Трикот со сода бикарбона против темни подочници може ќе ви помогне, па пробајте го.

Стресниот начин на живот, недостатокот на сон, оштетувањата на очите од мониторите и телефоните, зголемената диоптрија која го влошува видот, хроничниот умор, дехидратацијатата, сите тие се фактори кои придонесуваат за оваа појава да е што почеста и поизразена. Клучната состојка за домашниот третман е содата бикарбона, а откривме дека делувал ефикасно кај повеќе лица.

ПОТРЕБНО:

  • 1 лажица сода бикарбона
  • 1 шолја врела вода
  • памучни тупфери (најдобро од оние што се кружни и тенки).

ПОДГОТОВКА И НАЧИН НА УПОТРЕБА:

  • Подготовката е многу лесна, само треба да ја разматите содата бикарбона во топлата вода.
  • Потоа натопете ги тупферчињата со течноста и ставете ги под очите, на местото на темните кругови.
  • Оставете ги да стојат под очите околу 10-15 минути, а потоа измијте го лицето и нанесете хидратантна крема. Ако постапката ја повторувате во ток од две недели секојдневно, ќе забележите драстична разлика.