Живот и Стил

Три суптилни знаци кои откриваат дека жената е во плодни денови

Три суптилни знаци кои откриваат дека жената е во плодни денови

Телото на жената испраќа мали сигнали за време на плодните денови.

Препознајте ги!

Ако вие и вашиот партнер сакате бебе, веројатно веќе сте почнале да следите кога сте во плодни денови и, според физичките симптоми знаете кога овулирате.

Еве и некои симптоми кои можеби не сте ги знаеле:

  1. Се вцрвенувате

Провидна, розова кожа е знак на младост и плодност, а според истражувањето спроведено на Универзитетот во Глазгов, кожата на лицето на жената во овулацијата може да стане жолтеникаво или црвеникаво. Ова се должи на хормонот естрадиол кој е засилен за време на овулацијата и така ве издава.

  1. Бирате црвена боја

Според едно истражување спроведено во 2013 година, жените почесто ги избирале облеките во црвени нијанси кога овулираат, што објаснува зошто жените потсвесно избираат нијанса за да привлечат внимание кон себе.

  1. Вашиот глас е поинаков

Можеби нема дури ни да забележите, но вашиот партнер би требало да го забележи тоа, ако обрне малку повеќе внимание. Во деновите кога жената е најплодна, гласот станува поизразен.

Причина? Исто како што хормоните влијаат на грлото на матката, тие исто така влијаат на меките ткива на ларинксот, грлото и гласните жици, а варијациите во количината на овие хормони можат да предизвикаат варијации во количеството на крв, оток и задржување на водата во гласните жици, така што гласот станува помек или поизразен или ја менува бојата во зависност од периодот во циклусот.