Живот и Стил

Топ 10 стајлинзи во режија на Роузи Хантингтон-Вајтли (фото)

Топ 10 стајлинзи во режија на Роузи Хантингтон-Вајтли (фото)

Манекенката со своите модни комбинации ја заслужува титулата на една од најстилизираните жени на светот. За стајлинзите на Роузи Хантингтон-Вајтли постојано се зборува, а таа речиси никогаш не греши кога станува збор за модата.

Стилот на Роузи е минималистички, а нејзините комбинации се засноваат на едноставни парчиња облека кои ја истакнуваат нејзината витка фигура. Таа е вистински доказ дека едноставноста понекогаш е многу подобра од следење на сите трендови кои нѝ се наметнуваат. Манекенката знае многу добро што ѝ прилега и не се откажува од истото.

Инаку, Роузи Хантингтон-Вајтли е родена на 18 април 1987 година во Девон, Англија. Таа е модел на брендот „Викторија Сикрет“, а се има појавено и во неколку филмови.

Роузи е во брак со актерот Џејсон Статам со кој го има синот Џек Оскар.

Откако се појави на модната сцена, таа стана миленичка на модните експерти, а кога ќе ги погледнете нејзините фотографии, ќе сфатите и зошто е тоа така.

Во продолжение ви претставуваме топ 10 стајлинзи во режија на прекрасната манекенка:

 

извор:точка.ком.мк