Живот и Стил

Тинејџерка се соочи со мечка за да си ги спаси кучињата

Тинејџерка се соочи со мечка за да си ги спаси кучињата

Тинејџерка која реши да се соочи со мечка и да ја турне за да си ги спаси кучињата стана хит на социјалните мрежи.

Станува збор за 17-годишната Хејли Моринико од Јужна Калифорнија која работела со мајка ѝ во градината во нивниот двор во Бредбери, кога се појавила мечката со младенчиња.

Дивите животни ги вознемириле домашните кучиња и тие почнале да лаат и да трчаат кон мечката, која се обидела да ги удри со шепата.

„Истрчав да видам зошто лаат кучињата. Ја видов мечката како се обидува да го удри кучето. Веднаш помислив дека треба да ја турнам и некако успеав”, изјави тинејџерката, која помина само со мала повреда на коленото во овој несекојдневен инцидент.

извор: кајгана