Живот и Стил

Техника 4-2-4: Зошто Јапонките го мијат лицето 10 минути?

Техника 4-2-4: Зошто Јапонките го мијат лицето 10 минути?

Азијатките важат за едни од најнегуваните жени. Некои веруваат дека тоа е поради нивниот стил на живот, други поради генетиката и поднебјето, а трети пак веруваат дека е благодарение на нивните техники за нега.

На оваа тема наидовме на интересен текст кој вели дека Јапонките користат техника на чистење лице 4-2-4, со која го одржуваат лицето беспрекорно чисто. Бројките се однесуваат на времетраењето на миењето на лицето, поделено на делови.

А еве и од што се состои таа техника и зошто е така поделена:

Прв дел: 4 минути – етерично масло
Лицето се масира четири минути со етерично масло, со што се подобрува циркулацијата, а исто така маслото помага при омекнувањето на горниот слој на кожата. Клучно е да се одбере маслото кое најдобро ќе ви одговара. Меѓу подобрите за оваа намена се маслото од јојоба, како и маслото од рицинус.

Втор дел: 2 минути – чистење
После масажата, нанесте малку од млекото за чистење на лицето. Подобро е отколку да користите гел, бидејќи гелот може да ја исуши кожата. Со нежни движења на прстите, нанесете го млекото за чистење, нека убаво се впие во кожата на лицето.

Трет дел: 4 минути – миење
Убаво измијте го лицето со топла вода, околу две минути, а потоа уште две со студена вода. Топлата вода ќе ви помогне да го измиете вишокот масло од кожата, додека пак студената ќе ви помогне да се спречи ширењето на капиларите.

Како пренесува „Брајт сајд“, оваа техника на чистење се применува само навечер и доволно е до четири пати неделно.

Со оглед на тоа дека не е ништо комплицирано, нема причина зошто при крајот на денот да не одвоиме 10 минути за да го подобриме изгледот и здравјето на лицето.

извор:точка.ком.мк