Живот и Стил

Суви, испукани и безживотни врвови: Како да ја регенерирате косата по одморот?

Суви, испукани и безживотни врвови: Како да ја регенерирате косата по одморот?

Морската вода и постојаното изложување на сонце во голема мера го оштетуваат влакното. Краевите пукаат и стануваат суви, а косата изгледа безживотно и речиси е невозможно да ја скротите.

За среќа, постојат многу едноставни начини како да ја нахраните косата, да го вратите нејзиниот сјај и да направите повторно да изгледа здраво.

Бирајте благи шампони
Благите шампони како оние бебешките или на база на коприва најмногу ѝ одговараат на оштетената коса, особено по летниот одмор. Тие го спречуваат нејзиното понатамошно сушење и ја регенерираат. Добар трик е да користите што постудена вода кога ја миете за влакното да го врати природниот сјај.

Длабинско миење
Повеќето фризерски салони нудат длабинско миење на косата, но овој третман можете да го направите и самите. Изберете неутрален шампон, нанесете го на мокра коса и 15 минути масирајте. Почекајте 10 минути, па повторете го процесот. Измијте, па повторно повторете. Со паузите помеѓу миењето ќе дозволите кутикулите да се отворат, а нечистотијата детално да се отстрани.

Користете хранливи маски и третмани
Во регенераторот за коса додадете неколку капки маслиново масло – ова масло е богато со витамините Е и А, како и антиоксиданси кои помагаат влакното да стане поцврсто и посјајно. Ако имате време, направете маска за коса од мед и маслиново масло: на 1 лажичка мед додадете 2 лажички масло и мешајте додека смесата не стане хомогена. Вака подготвена, нанесете ја пред миењето на косата и оставете да делува околу два часа.

Потскратете ги врвовите
Секој професионалец ќе ви каже дека ова е задолжителен чекор кон регенерирање на оштетената коса. Голем број жени одбиваат да ја скратат косата, но добрата вест е што е доволно да отстраните само два центиметри, односно оној дел од косата кој е најоштетен. На овој начин ќе го поттикнете и брзиот раст на влакното.

извор:точка.ком.мк