Живот и Стил

Советите за образованието кои Ајнштајн му ги дал на својот син

Советите за образованието кои Ајнштајн му ги дал на својот син

Најгенијалниот човек од дваесеттиот век, Алберт Ајнштајн бил познат како „лош“ ученик. Во писмото што му го напишал на својот син, Алберт го советувал дека училиштето не е најважното нешто.

Алберт Ајнштајн сакал да сонува и да одлута со мислите за време на часовите, бил заборавен и често ги игнорирал неговите училишни обврски. Поради оваа причина многумина ќе го наречат лош ученик дури и денес. Некои предмети едноставно му се допаѓале повеќе од другите и тој го посветил вниманието на нив, додека другите ги игнорирал.

Кога пораснал и станал родител, тој тврдел дека на децата им треба слобода да дознаат што ги интересира. Сопствените деца, синовите на Ханс Алберто и Едуард, кои ги нарекувал Тет, ги поттикнал да развијат интереси кои не се поврзани со училиштето. По разводот од неговата сопруга Милева, Ајнштајн останал да живее во Берлин, а неговите синови живееле со својата мајка на релација Виена – Цирих.

Во писмото кое 1915 година го испратил на тогаш 11-годишниот Ханс Алберт, тој го советувал да свири пијано и да се бави со столарство бидејќи уште кога бил мал му се допаѓале и за него тоа било “дури и подобро од училиштето”

За разлика од многумина кои ни денес тоа не го разбираат, Ајнштајн знаел дека не постојат лоши ученици. Тоа е само еден лош прекар за децата и младите кои не добиле прилика да ги развијат своите специфични интереси, туку се обиделе да ги вклопат во постоечките наставни програми и пропишани активности.

Подолу, прочитајте го писмото во кое големиот научник открива како децата можат да научат најмногу.

„Драг мој Алберт,

Вчера го добив твоето писмо и бев многу среќен за тоа. Веќе се плашев дека воопшто нема да ми пишеш. Кога бев во Цирих, ти ми кажа дека ти е многу чудно кога ќе дојдам таму. Затоа мислам дека би било подобро да се најдеме на друго место каде никој нема да ни пречи.

‘Свири на она што тебе ти се допаѓа, дури и ако професорите не ти дозволуваат. Така ќе научиш најмногу.’

Без оглед на тоа, ќе те замолам секоја година да поминеме по цел месец заедно како би видел дека имаш татко кој кој те сака и му значиш. Од мене можеш да научиш многу, нешто што другите не можат лесно да ти го понудат. Она што го постигнав со напорната работа не е само за странци, туку особено за вас, моите момчиња. Овие денови завршив едно од најубавите дела во мојот живот и кога ќе бидеш поголем ќе ти раскажам за тоа.

Мило ми е што слушнам дека уживаш во свирењето на клавир. Според моето мислење, клавирот и столаријата се најдобрите работи за момче на твоја возраст, дури и подобро од училиштето. Ова се работи кои одлично одговараат за млад човек како тебе.

Свири го она што тебе ти се допаѓа, дури и ако професорите не ти дозволуваат да вежбаш. Така ќе научиш најмногу, уживајќи во она што го правиш, до тој степен што не забележуваш како времето минало. Јас понекогаш сум толку зафатен со работа што заборавам на мојот попладневен оброк.

Испраќам бакнежи до тебе и Тете,

Тато.

Поздрав и до Вашата мајка.”