Живот и Стил

Совети за употреба на пена за коса

Совети за употреба на пена за коса

Убавината на косата е основен дел од женската привлечност. Денес таа убавина не зависи само од гените или природата. Постојат милиони козметички продукти, кои ако се употребуваат правилно, можат да ѝ придадат здрав изглед на оштетената коса.

Пената за коса основно се употребува од жени со виткана коса, но може да биде идеален продукт и за правата коса затоа што создава блесок и волумен. Еве неколку совети, за употребата на пена за коса:

 

  • Различните пени се за различна намена. Некои од нив се наменети за виткана коса, а други за права. Некои се препорачуваат при употреба на фен или преса, а други при оформување на косата со прсти. Избирајте според изгледот кој сакате да го постигнете. Можете да откриете најразлични варијанти на различни цени. Пената за коса е економичен продукт, кој не се купува често, затоа инвестирајте во поквалитетни производи.
  • Нанесете ја врз влажна коса. Така добивате мека коса со сјај.
  • Не нанесувајте пена врз многу влажна коса.Искористете крпа за да ги исушите краевите пред да ја употребите пената. Таа дејствува најдобро кога косата е влажна 50-60%.
  • Пробајте врз сува коса. Вашата коса нема да биде толку многу мека, но ќе добиете модерен „влажен“ изглед.
  • Помалку пена – подобро за косата. Немојте да користите многу пена, затоа што може да добиете обратен ефект. Доколку нанесете големо количество косата ќе ви изгледа сплескана и разделена на прамени, а тоа не изгледа убаво. Ако не знаете колку да нанесете, почнете со мало количество. За многу долга коса, доволни се две нанесувања, секое со големина на мало јаболко.
  • Сакате повеќе волумен? Овој ефект ќе го постигнете ако ја нанесувате пената додека сте наведнати надолу. Пената треба да биде еднакво застапена по различните прамени. Потоа и сушењето со фен правете го додека сте наведнати.