Живот и Стил

Со овие пет намирници исчистете ги маснотиите после празниците

Со овие пет намирници исчистете ги маснотиите после празниците

Сите за празниците знаеме да претераме малку. Си дозволуваме повеќе уживање во храната, што подразбираат повеќе калории, маснотии…

Но, уживањето потоа може да доведе до главоболки по здравјето и изгледот.

Затоа во продолжение ви презентираме пет намирници кои ќе ви помогнат да го исчистите организмот од маснотии и да го одржите здравјето во добра форма.

Цвекло
Како намирница што содржи железо, ќе биде совршен сојузник во борбата со маснотии. Исто така, ќе го регулира столицата и метаболизмот. Најдобро е да ја користите во свежа форма или во смути.

Брокула
Брокулата е нискокалорична намирница, богата со витамини Ц, А и Б6, потоа железо, калциум и магнезиум. Новите истражувања покажаа дека брокулата го спречува таложењето на маснотиите во црниот дроб.

Зелка
Свежата зелка е фантастична и диетална намирница. На 100 грама има само 25 калории. Богата е со витамин Ц и Е, бета каротен, магнезиум и железно, има силно противвоспалително дејство, го поттикнува метаболизмот, го чисти црниот дрб од токсини – затоа не одминувајте ја. А истото важи и за киселата зелка.

Спанаќ
Спанаќот ги неутрализира токсините во организмот. Богат е со влакна која ќе го поттикнат метаболизмот и ќе помогнат во решавање на проблемите со опстипација. Еден е од најсилните антиоксиданти. Комбинирајте го и во смуди или салати, може да се јаде во сите делови од денот.

Лук
Лукот се смета за природен антибиотик поради своето антибактериско дејство. Помага во намалување на трошењето и оптоварувањето на клетките. Редовното консумирање лук може да помогне во ублажување на разни здравствени проблеми, а подеднакво е корисен и во процесот на детоксикација.

извор:точка.ком.мк