Живот и Стил

Со факли, навивачка песна и прстен: Спектакуларно запросување во Охрид (видео)

Со факли, навивачка песна и прстен: Спектакуларно запросување во Охрид (видео)

Член на навивачката група Рибари со факли и песна од другарите од трибина, ја запроси својата девојка во охридската чаршија по мечот на ракометарите на Охрид против Прилеп.

Навивачот ја изненади својата девојка на враќање од салата „Билјанини Извори“, па во придружба на другарите, Елена не ни замислувала што ќе се случи, кога одеднаш блеснаа факлите, започна песна „прифати Елена“, а навивачот клекна на колена со прстенот во рака.

И на крајот Елена кажа – „да“.

извор:курир.мк