Живот и Стил

Со чаша млеко до совршена фигура

Со чаша млеко до совршена фигура

Придржувајќи се до одредени диети, луѓето обично прават две големи грешки кои можат да резултираат со дополнително зголемување на телесната тежина – прескокнување на појадокот и изоставување на млечни производи од секојдневната исхрана.

Малкумина знаат дека секојдневниот доручек кој вклучува и чаша млеко, може да помогне за да се дојде до посакуваната телесна тежина.

Млекото содржи значителни количини калциум, витамин Д, фосфор и други урамнотежени хранливи материи, и не само што го поттикнува здравиот раст на коските и забите и ја одржуваат функцијата на мускулите и крвните садови, туку и содржи состојки (калциум, железо, фолна киселина – витамин Б9 и влакна) кои се неопходни за одржување на витка линија.

Само квалитетното млеко е добро млеко. Млекото не содржи заситени масти, па поради тоа и нема потреба од грижа за вишок на килограми. Напротив, докажано е дека луѓето кои редовно пијат млеко имаат повитка фигура од оние кои не пијат. Внимавајте на вашето здравје и фигура  и започнете го денот со чаша пастеризирано млеко .