Живот и Стил

Смутија кои максимално го регенерираат телото после тренинг

Смутија кои максимално го регенерираат телото после тренинг

Но, колку што е важен тренингот, толку е важно и опоравувањето по него и грижата за телото и организмот.

Посебно доколку сте почетник, важно е по тренингот, независно каков е, да му ја вратите силата и енергијата на телото, како и изгубените протеини и јаглехидрати.

Според експертите, доволно е да испиете едно смути со препорачани намирници.

5 идеи за смути по тренинг:

За освежување на телото по тренинг

  • 1 шака спанаќ
  • 1 смрзната праска
  • ½ свежа банана
  • ½ свежа тиквица
  • Малку кокосова вода (по желба)
  • 4 лажици павлака

5-smutija-koi-kje-vi-dadat-energija-po-letniot-trening-02.jpg

За уживање во вкусот на енергија

  • Рамна лажичка какао во прав
  • 1 лажичка кокосово масло
  • 150 g високо протеинска урда
  • Вода
  • Малку мед по желба

5-smutija-koi-kje-vi-dadat-energija-po-letniot-trening03.jpg

Десерт за енергија

  • ½ шолја немасен јогурт
  • ½ шолја млеко
  • 1 банана
  • 1 лажица путер од кикирики
  • 1 шака свеж спанаќ
  • 1 лажичка екстракт од ванила

5-smutija-koi-kje-vi-dadat-energija-po-letniot-trening04.jpg

Микс за енергија пред и по тренинг

  • 2 чаши полномасно млеко
  • 1 голема банана
  • 1 лажичка мед
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • 1 шака ореви

5-smutija-koi-kje-vi-dadat-energija-po-letniot-trening-04.jpg

За брзо топење на масти

  • 1 шолја полномасно млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • ½ чаша нискомаслен јогурт
  • ½ шолја овесни снегулки
  • 1 лажичка какао во прав
  • Прстофат цимет
  • Мала смрзната банана

5-smutija-koi-kje-vi-dadat-energija-po-letniot-trening-05.jpg