Живот и Стил

Скијачки центри кои мора да ги посетите оваа зима

Скијачки центри кои мора да ги посетите оваа зима

Post Office Travel Money ја направи листата на најевтини зимски дестинации во Европа кои мора да ги посетите оваа зима.

Најстариот скијачки центар во Бугарија, Боровец, е најевтиниот во Европа.

На второ место се наоѓа ски центарот во Банско.

 

Најскапиот ски центар во Европа се наоѓа во Швајцарија, а станува збор за Цермат.

За да ја комплетираат листата, истражувачите ги провериле цените во 30 популарни скијачки центри, а ги споредувале цените на хотелите, храната, изнајмување на ски опрема, цените за скијање итн.

Овие два скијачки центри во Бугарија се поевтини од другите, но единствената разлика помеѓу нив е поевтината храна во Боровец.

Станува збор за современ скијачки центар со многубројни хотели, а љубителите на природата ќе можат да уживаат и во густа борова шума.

На трето место е италијанскиот ски центар Червинија.

На листата на најевтини скијачки центри се наоѓаат и Крањска Гора (Словенија), Сестриере (Италија), Соз (Франција), Елмау (Австрија), Сиера Невада (Шпанија), Солде (Андора)  и Червинија (Италија).

Извор: Кајгана