Живот и Стил

Што се случува во мозокот кога работиме од дома?

Што се случува во мозокот кога работиме од дома?

Работата од дома е вистинско задоволство кога ќе помислиме колку време, пари и енергија заштедуваме. Па, затоа и очекуваме односот меѓу работата и приватниот живот да биде подобар, конечно да постигнеме рамнотежа. Но, работите често не одат според планираното.

Често се случува настаните да не се одвиваат според планираното, па тогаш се зголемува и нивото на стрес. Тоа и не е секогаш лошо, бидејќи стресот го изострува фокусот и ја зголемува концентрацијата, но исто така и дополнително нè исцрпува.

Кога мозокот ќе забележи дека работите ни излегуваат од контрола, се зголемува излачувањето на кортизолот, хормон на стресот. Мозокот ја ограничува циркулацијата на крвта кон стомакот и мускулите, па оттука и чувството на некоја празнина во стомакот. Брзате, а не постигнувате резултати, посегнувате по благи работи.

Особено повеќе на стрес се изложени родителите на мали деца, кои во време на пандемијата на COVID-19 се обидуваат што помалку да ги изложат децата на ризик од зараза и работат од дома, со децата покрај нив. Не е лесно да се исклучите од улогата на родител додека сте дома со децата и се обидувате да бидете ефективен работник, но возможно е да направите баланс кој потоа може да премине во рутина. Финтата е во тоа што децата се непредвидливи, па лесно се фрустрираме со нив додека работиме, но тоа се надминува кога ќе им посветиме внимание. Одвојте време за нив, малку игра, малку разговор, најважно е да минете квалитетно време заедно.

Овие три совети ќе помогнат да го избегнете стресот додека работите од дома.

1. Одредете само едно место на кое ќе работите, мозокот ќе научи асоцијативно да го поврзете со работниот режим и концентрацијата ќе биде подобра.

2. Избегнувајте мултитаскинг, психолозите велат дека е мит. Не можеме да правиме две или три работи истовремено, туку само прескокнуваме со голема брзина од една до друга работа, па тоа делува како истовремен процес. Токму тоа исцрпува.

3. Обавезно правете паузи, не е доволна паузата од половина час за ручек. Треба да правите пауза по пет минути на ден.секој час. Најдобро е да станете од столчето, да се оддалечите од компјутерот и да погледнете низ прозорец. Не е лошо и да се истегнете малку, ќе бидете повеќе продуктивни во текот на работниот ден.

Извор: Курир.мк