Живот и Стил

Што се можеме да научиме од нашите деца

Што се можеме да научиме од нашите деца

Сигурно имате убави спомени од детството, затоа што тоа е најубавиот период од вашиот живот. Спомените од детството можат, исто така, да бидат и причини за подобрување на квалитетот на вашиот сегашен живот. вистина е дека децата имаат многу позитивни квалитети кои возрасните многу често не ги поседуваат.

  1. Љубопитност

Со поставување на прашања децата учат многу, па затоа добро е и како возрасни да бидете љубопитни – запомнете, оној ден кога ќе престанеме да учиме е денот кога ќе престанеме да живееме!

Резултат со слика за Љубопитност

  1. Отвореност

Децата се многу отворени, тие се способни да го споделат својот живот со речиси сите и ги прифаќаат речиси сите луѓе кои ќе ги запознаат токму онакви какви што се. Тие не се срамат од нови искуства па затоа нивниот ден е навистина возбудлив. Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за comunications kids

  1. Учење од грешките

Еден од најефикасните начини за напредување во животот е да учите од своите грешки. децата го прават тоа многу, многу често. Од друга страна пак, возрасните се многу внимателни и ги одбегнуваат грешките. Она што е важно е дека најголем број од грешките не се со сериозни последици, тие се само можност да пробате нешто ново и поинакво.

Поврзана слика

  1. Искреност

Кога на децата нешто им пречи, тие тоа веднаш го кажуваат. Да, некогаш тоа го прават премногу гласно или со солзи, но барем го искажуваат своето мислење и го ослободуваат бесот кој се собира во нив.

Резултат со слика за Искреност

  1. Сонување

“Сакам да бидам пожарникар! Сакам да бидам астронаут! Кога ќе пораснам ќе бидам богат! Кога ќе пораснам ќе си купам Ферари! Сакам да живеам во замок!”Ви звучи познато? Децата никогаш не се преоптоваруваат со вообичаените граници, што им овозможува да сонуваат. Тоа воопшто не е лошо. Возрасните некогаш забораваат што е тоа што не прави среќни, па забораваат на вистинските соништа и се задоволуваат со многу помалку.

Резултат со слика за dreaming

  1. Фантазија

Детскиот свет нема граници. Тие можат да објаснат и да прифатат се со што ќе се соочат и нивниот свет никогаш не е досаден. Зошто? Затоа што тие се многу подобри во замислувањето од нас, возрасните. Според некои истражувања, децата се многу подобри во решавањето на одредени проблеми од возрасните, едноставно затоа што на нам ни недостасува фантазијата за да ги согледаме необичните решенија.

Girl Reading Fantasy Novel

  1. Оптимизам

За најголем дел од децата, чашата е секогаш полу-полна. Тие паѓаат и веднаш стануваат; се повредуваат и многу брзо забораваат што се случило; се плашат од многу помалку работи, имаат помалку грижи и не го комплицираат својот живот како што тоа го прават возрасните. Иако ние возрасните имаме многу обврски и се соочуваме со многу стресни ситуации во животот, но навистина е добро да го гледате животот преку очите на децата и да го очекувате најдоброто од сите ситуации. Обидете се, сигурно нема да зажалите!

Резултат со слика за optimism