Живот и Стил

Што не треба никогаш да правите пред посетата на лекар?

Што не треба никогаш да правите пред посетата на лекар?

На што треба да внимавате пред посетата на лекар, со цел што полесно лекарот да ви постави точна дијагноза?

Не земајте лекови на своја рака

Прилината зошто одите на лекар е токму тој да ги процени симптомите кои ги имате. Доколку одите на лекар поради настинка или друг здравствен проблем, не земајте лекови на своја рака за лекарот да ја види вашата вистинска состојба.

Не одете на трајно лакирање или гелирање на нокти пред посета на дерматолог

Ова е многу важно, затоа што вашите нокти многу говорат за вашето здравје. Дерматологот може да побара да ви ги види ноктите за да ја види бојата и текстурата и така да направи анализа на вашата здравствена состојба. Во повечето случаи, болестите на срцето, анемијата и дијабетесот, можат да се препознаат гледајќи само во вашите нокти.

Не пијте алкохол пред вадење крв

Алкохолот останува во организмот подолго отколку што мислите. Не би требало да пиете алкохол барем 24 часа пред посетата на лабораторија за вадење крв.

Не ставајте парфем пред мамографија

Освен парфем, ова се однесува и на антиперспиранти и на дезодоранси. Причината е тоа што содржат алуминиум, што може да доведе до лажни резултати.