Живот и Стил

Шпанија ги отвора границите пред рокот: Сè уште нема список на ‘добредојдени’ земји

Шпанија ги отвора границите пред рокот: Сè уште нема список на ‘добредојдени’ земји

Шпанија планира постепено да ги отвори своите граници од земјите кои се сметаат за сигурни во однос на борба против коронавирусот. Веројатно тоа ќе почне од 22-ри јуни, соопштило Министерството на туризам на оваа земја.

Шпанија претходно најави дека на 1-ви јули ќе ги отвори границите.

Владата на премиерот Педро Санчез треба да ја укине вонредната состојба на 21-ви јуни, што значи дека Шпанците повторно ќе може да се движат слободно.

Портпаролот на министерството за туризам рекол дека веројатно истото ќе почне да се применува кај некои странски туристи во понеделник, на 22-ри јуни, а можеби веќе и во недела, на 21-ви јуни, пренесува „Yahoo News“.

„Сакаме повторно да го активираме и забрзаме меѓународното патување, почнувајќи од областите со слични епидемиолошки ситуации“, рекле од шпанското Министерство за туризам.

Сè уште нема список на земји за кои би важела оваа мерка, па со самото тоа не знаеме ниту во каква положба ќе бидат Македонците во случај да сакаат да патуваат во Шпанија.

извор:точка.ком.мк