Живот и Стил

Широки џемпери + здолниште = идеална есенска комбинација (фото)

Широки џемпери + здолниште = идеална есенска комбинација (фото)

Широките џемпери се омилени во текот на есенските и зимски денови, а супер се и за оваа преодна сезона.

Вообичаено, истите најчесто ги носиме со едноставни фармерки или панталони, но оваа есен широките џемпери ги комбинираме со куси здолништа и изгледаат одлично.

Со нив, можете да носите какво сакате здолниште, изработено од кожа, твид, тексас, но и лежерни летни материјали кои се совршен спој со плетивото.

Девојките оваа комбинација ја носат со рамни чизми, шик патики, балетанки или било што и да посакате, сè додека се чувствувате убаво.

Сега е вистинската сезона за да може да комбинирате летни со зимски парчиња, па ова е супер предлог за свежите утра или вечери.