Живот и Стил

Сестричката и Бо кој боледува од Даунов синдром пеат песна која го обиколи светот (ВИДЕО)

Сестричката и Бо кој боледува од Даунов синдром пеат песна која го обиколи светот (ВИДЕО)

Видео од грижливо девојче кое му свири и пее на своето братче со Даунов синдром ќе ви го разнежни срцето.

Имено, талентираната Лидија требало да се грижи за Бо додека нивната мајка заврши со туширање, па го пронашла идеалниот начин за смирување и поврзување со своето помало братче. Преку музика и песна, двегодишното момче полека учи нови зборови.

Ќерка ми Лидија го чуваше Бо додека јас се туширав. Кога излегов, го видов ова. Ако таа немаше гитара не знам како ќе успееше да го чува. Ова е доказ дека музичката терапија функционира. Бо има 25 месеци и има речник од 12 зборови. Секој од тие зборови тој го има научено преку музика и пеење“ – напиша гордата мајка во описот.

За само 17 часа, видеото е прегледувано над 5,6 милиони пати, има речиси 200.000 допаѓања и над 166.000 споделувања.