Живот и Стил

„Миење“ цуцла со мајчина плунка е корисно против алергии

„Миење“ цуцла со мајчина плунка е корисно против алергии

Иако на прв поглед можеби личи дека е нехигиенски, нема ништо лошо во тоа сами да ја „процуцлате“ цуцлата лажливка и така да ја „измиете“ со сопствената плунка пред да му ја ставите на своето бебе во уста, тврдат американски алерголози.

Истражувачи чии резултати беа претставени на годишниот собир на алерголози во Детрот, покажуваат дека таков потег ги намалува алергиите кај сосема мали деца, објави Сајенс дејли.

Научниците нагласуваат дека мајчината плунка е подобра од миење на цуцлата со обична вода, освен ако не паднала во кал, легло на бактерии, ВЦ школка… Ако паднала на релативно чист под, мајката може без страв да ја излиже.

Тие предупредуваат дека тоа не се однесува на родители со херпес или друг вирус или ако цуцлата падне на нечист под.

Но, во останатите случаи мајчината плунка може да биде здрава за детето. Имено со тоа детето побрзо стекнува имунитет, дури и на силни алергени. Студијата била изведена во текот на 1,5 година со учество на 128 мајки.