Живот и Стил

Русокоса падна на првото прашање во„Милионер“: Самоуверено одговори, а потоа пропадна во земја од срам (ВИДЕО)

Русокоса падна на првото прашање во„Милионер“: Самоуверено одговори, а потоа пропадна во земја од срам (ВИДЕО)

Квизот „Кој сака да биде милионер“ повторно почна да се емитува во Велика Британија, што беше причина медиумите да се сетат на една од најлошите натпреварувачки во историјата на квизот. Таа падна уште на првото прашање.

Многумина повторно се присетија на настапот на Австралијанката Витни Беселер, која во квизот не се прослави со своето знаење.

Беселер падна уште на првото прашање, иако водителот и даде втора шанса, а таа и понатаму самоуверено го даваше погрешниот одговор.

-Кои од понудените парчиња накит не ја симболизира врската меѓу двајца луѓе?, е прашањето кое и го постави водителот.

Понудените одговори беа веренички прстен, прстен за годишнина, венчален прстен и бургер прстен. Витни одговори „прстен за годишнина“.

-Ќе го изберам прстенот за годишнина, иако и бургер прстен звучи интересно, одговори таа самоуверено.

Иако водителот и даде втора шанса и суптилно ја исправи, Австралијанката ја игнорираше помошта и го потврди својот одговор.

Кога и рекол дек погрешила и дека точен одговор е бургер прстен, натпреварувачката остана во шок.