Живот и Стил

Ретка појава: Жетварска полна Месечина на петок 13-ти, еве што значи

Ретка појава: Жетварска полна Месечина на петок 13-ти, еве што значи

Вљубениците во астрономијата има што да видат на ноќното небо овој петок 13-ти.

Ќе се појави Жетварска полна Месечина, која обично се случува еднаш годишно. Ова ќе биде деветта полна Месечина во 2019 година досега.

Жетварската полна Месечина годинава ќе биде помала од просечната полна Месечина – цели 14% помала – што некои астрономи би ја класифицирале како „микромесечина“.

Астрономот Џо Рао вели дека ќе ја видиме Месечината значително помала на небото бидејќи во кулминативниот период ќе биде многу оддалечена од Земјата.

Ако сте суеверни, оваа Месечина, иако „малечка“, може да биде екстра морничава, со оглед на тоа дека се „паѓа“ на петок 13-ти.

Полна Месечина на петок 13-ти е многу ретка појава. Последната ваква коинциденција се случи пред речиси 20 години, во 2000 година.

Следниот петок 13-ти со Жетварска полна Месечина ќе се случи во 2049 година.

Како го добила името Жетварска полна Месечина?

Жетварската полна Месечина е еден од најимпресивните астрономски спектакли и се случува непосредно пред есенската рамноденица, најавувајќи го почетокот на новото годишно време.

Експертите велат дека името го добила бидејќи периодот меѓу зајдисонцето и изгревањето на Месечината е пократок од вообичаено, па како резултат на тоа жетварите имале повеќе време да работат на отворено, под месечевата светлина, кога немало други начини да се осветлат полињата ноќе.

Тоа значело дека работниот ден бил подолг и земјоделците можеле да соберат поголема жетва во еден ден.

извор:курир.мк