Живот и Стил

Рецепт за вкусен колач со мандарини

Рецепт за вкусен колач со мандарини

Мандарините дефинитивно се меѓу овошјето што може да се консумира на различни начини! Денес споделуваме еден вкусен рецепт со мандарини, бадеми, маслиново масло… и уште многу други вкусни состојки!

Потребни состојки:

За тестото:

  • 2 јајца
  • 110 г пченкарно брашно
  • 170 г пченично брашно
  • 12 г прашок за пециво
  • 170 г јогурт
  • 80 г маслиново масло
  • 170 г мед
  • 1 лажица ликер амарето
  • 1 јаболко
  • 3-4 мандарини
  • бадеми

Начин на подготовка:

  • Вклучете ја рерната на 180 ° С.
  • Јајцата, медит, маслото и амарето се мешаат неколку минути додека не се добие пенеста смеса. Измешајте го брашното и прашокот за пециво и наизменично додавајте јогурт. Додадете рендана кора од мандарини и рендано јаболко. Измешајте добро.
  • Калапот премачкајте го со путер и посипете го со брашно (отстранете го вишокот), истурете ја смесата и протресете да се изедначи.
  • Излупете ги мандарините и исечете ја на парчиња. Наредете ги по желба.
  • Печете во загреана рерна 40-50 минути, во зависност од рерната, или додека чепкалката не излезе сува. Оставете да се излади, посипете малку со шеќер во прав и украсете со бадеми.

извор: кајгана