Живот и Стил

Рецепт за рижото со тиквички и сирење

Рецепт за рижото со тиквички и сирење

Тиквичките се враќаат во нашето мени, па искористете го изобилството на овој нискокалоричен зеленчук и направете вкусно рижото.

Потребни состојки:

  • 300 грама свежи тиквички
  • 200 грама арборио ориз
  • 50 грама рендан пармезан
  • 50 грама путер
  • 2 лажици милерам
  • 2 чешниња лук
  • 2 гранчиња мајчина душица или некој друг зачин
  • 1 лимон
  • 1 кромид
  • 1 коцка од зеленчук
  • сол и бибер по желба

Начин на подготовка:

1. Растопете го путерот на ниска температура и измешајте го ситно исечканиот кромид. Ќе ви бидат потребни околу пет до седум минути.

2. Додајте го исечканиот лук и мешајте сè заедно уште една минута.

3. Додајте го оризот во путерот и мешајте уште 1-2 минути.

4. Стопете ја коцката од зеленчук во еден литар топла вода за да направите супа. Започнете полека да ја додавате супата во оризот, постојано мешајќи додека не ја потрошите целата течност или додека оризот не се свари целосно. Ќе ви бидат потребни околу 15 до 20 минути за тоа.

5. Неколку минути пред крајот на готвењето додајте ги тиквичките насечкани на коцки, сок од еден свежо исцеден лимон и зачини.

6. Додајте сол и бибер по желба.

7. Кога оризот ќе биде готов, додајте ги милерамот, ренданиот пармезан и малку кора од лимон. Послужете со сезонска салата.

извор: кафепауза