Живот и Стил

Рецепт на денот: Тестенини со зеленчук

Рецепт на денот: Тестенини со зеленчук

Подгответе нешто брзо и вкусно, брз и едноставен ручек… Еве го рецептот на денот: Тестенини со зеленчук.

Состојки:

  • 300 гр тестенини по избор
  • 1 конзерва црвен грав
  • 200 гр доматен сок
  • 1 чешне лук
  • стебло целер
  • 1 помала тиквица
  • сол
  • бибер
  • босилек

Начин на подготовка:

Исечкајте го лукот, пропржете го на маслиново масло, па додајте исечкан целер и тиквица. Сето тоа динстајте го. Пред крај додајте доматен сок и грав, зачинете го јадењето по желба и оставете малку да крчка. Зготвените тестенини прелијте ги со добиената смеса и чинијата украсете ја по желба.

Пријатен ручек и добар апетит!