Живот и Стил

Првата палачинка не ви успева? Неколку трикови како да си помогнете во тоа

Првата палачинка не ви успева? Неколку трикови како да си помогнете во тоа

Со оглед на тоа дека и кулинарските експерти велат дека првата палачинка ретко успева, како тогаш аматерите би можеле да го избегнат овој проблем? Секако, најлесно е да се помириме со фактот дека првата палачинка едноставно ќе биде „збрчкана“ и изеден попатно додека се печат другите. Од друга страна, постојат и неколку трикови што би можеле да помогнат тоа да не се ни случи.

Британската кулинарка, Хенриета Инман, специјализирана за десерти, вели дека не е запознаена со физиката што го објаснува целиот процес, но знае дека тајната е во добро измешаната смеса, тавата што се навикнала на таа смеса и доброто загревање.

– Смесата не треба предолго да се меша, но сите состојки мора да бидат соединети. Секогаш користете иста тава за пржење или печење палачинки, загрејте ја добро и почнете – изјавила Хенриета Инман за „Гардијан“.

Угостителот и критичар Бил Грејнџер вели дека тестото од палачинки не треба да се меша премногу.

– Ако и остане грутка брашно во смесата, не паничете, тоа е добар знак. Палачинката ќе биде понежна, нема да биде гумена – објаснува тој.

Исто така, препорачливо е смесата да отстои извесно време пред пржењето. Оставете да се одмори околу дваесет минути, глутенот да се опушти. Колку подолго ја мешате смесата, толку подолго треба да отстои.

Секако, голема улога игра и тавата.

Ставете ја тавата на умерено висока топлина за да се загрее пред да додадете масло. Нека тавата добро и рамномерно се загрее. Покријте ја целата површина со масло, а потоа извадете го вишокот со салфета, но не премногу. Маснотија мора да има. Во рестораните тавите толку многу се користат така што секогаш се добро подмачкани, а тоа честопати не е случај дома, вели Грејнџер.

Пржењето на палачинки е на крајот, како и сè друго, вештина која треба да ја вежбате.

Тоа е прашање на пракса и неколку неуспешни обиди. Тоа им се случува на сите и се нарекува искуство, напоменува Хенриета Инман.

извор: Курир.мк