Живот и Стил

Природниот чистач на организмот кој мора повеќе да го користиме

Природниот чистач на организмот кој мора повеќе да го користиме

Куркумата се добива од коренот на билката Куркума Лонга, повеќе годишно растение од фамилијата на ѓумбирот. Благодарение на куркуминот што го содржи и кој е заслужен за нејзината специфична боја, таа има големи лековити својства. Се вбројува меѓу најмоќните природни лекови.

Богата е со витамини од групата Б и тоа:

*Б6-бедоксин, кој е најважен за работата на мозокот и централниот нервен систем. Важен е и за правилнaта работа на мускулите, како и за производство на некои од хормоните.

*Б3-ниацин, кој е доста ефикасен кога станува збор за намалување на холестеролот во крвта.

*Б9- фолна киселина, му дава енергија на организмот и помага во создавањето на црвените крвни зрнца.

Покрај витамини таа содржи и минерали. Од минералите застапени се:

*Манган, кој е моќен антиоксидант, го намалува влијанието на слободните радикали и го неутрализира нивното штетно влијание.

*Калиум – важен минерал за правилно функционирање на сите клетки, ткива и органи во човечкото тело.

*Железо, кој е битен во создавање на силен имунолошки систем.

Докажано е дека билката куркума има благотворно дејство во случај на рак, затоа што го спречува растот и формирањето на туморските клетки, го спречува растот на ракот на дојката, го спречува настанувањето на меланом.

Одличен чистач е на белите дробови, ги ублажува симптомите на астмата. Благодарение на куркуминот, делува благотворно кај лица со замастен црн дроб, ги ублажува симптомите на лица заболени од алцхајмер, а најефикасен е кај ревматските заболувања.

Покрај овие својства куркумата има и антисептички и антибактериски својства, па може да се користи и за дезинфекција на рани и опекотини.

Куркумата се смета уште и за добар извор на природни влакна, па поради тоа го забрзува метаболизмот.