Живот и Стил

Прашања кои најчесто ги интересираат мажите

Прашања кои најчесто ги интересираат мажите

Ви претставуваме неколку прашања кои секој маж си ги поставува:

1. Што понежниот пол навистина сака од нив?

Пред се женските сакаат некој покрај кој ќе се чувствуваат фантастично, атрактивно, секси. Некој кој што покрај комплименти ќе им подари и внимание. Ова се основните работи кои што женските ги сакаат и очекуваат во една врска. Со текот на времето на дел од нив им се зголемува приоритетот, односно намалува и се заменуваат со други, но во основа се тие нешта кои што машките треба да ги знаат.

2. Зошто жените глумат оргазам?

Понекогаш во прашање е стрес, депресија или алкохол, но во поголемиот дел од случаевите е поради тоа што не сакаат да го повредат партнерот. Иако машките најчесто веднаш помислуваат дека нешто не е во ред, сепак не е секогаш така.

3. Може ли жената да ужива во сексот, а да не доживее оргазам?

Накратко речено може. За женските и нежните допири проследени со работите кои што таа ги сака за време на сексот се врв исто како и самиот оргазам.

4. Дали девојките уживаат во сексот за време и на менструалниот циклус?

Секое женско има различно мислење на оваа тема. Некои, на пример, одбиваат секс за време на менструалниот циклус. Кај другите пак доаѓа до експлозија на хормоните и тогаш се најрасположени за секс.