Живот и Стил

Постои хотел во кој ќе добиете бесплатна соба под еден услов

Постои хотел во кој ќе добиете бесплатна соба под еден услов

“The Check Out Suite” апартманите во рамките на хотелот “Bellor” во Гетеборг во Шведска немаат баш класичен систем на плаќање, туку тој зависи од тоа колку време гостите ќе минат на социјалните мрежи.

Колку повеќе сурфате на Фејсбук или на Инстаграм, толку цената ќе биде поголема. Па, ако се воздржите од посета на социјалните мрежи, ќе добиете бесплатна соба.

Е сега, се прашувате, како хотелот ќе знае дека воопшто сте ги посетиле социјалните мрежи?

Внатре во апартманите се наоѓа лампата Скармфри. Оваа мала столна лампа автоматски се вклучува кога гостите се поврзуваат на хотелската wi-fi мрежа, го бележи времето минато на мрежата, но и на кои сајтови престојувале. Првите 20 минути лампата свети со бело светло, кое подоцна се претвора во црвено.

Всушност станува збор за однапред одредена тарифа. Кога гостинот ќе влезе во собата, нејзината цена е 0 долари, а кога лампата засветува во црвена боја почнува тарифирањето. Нешто слично како таксиметар, кој оди до стандардната цена за собата.

Станува збор за акција која со заеднички сили ја спроведуваат хотелот и осигурителната компанија, со цел промоција на дигиталното здравје и зачувување на вообичаените активности.

Дали вие би издржале да не посетите Фејсбук и Инстаграм поради бесплатна соба?

изворточка.мк