Живот и Стил

Поради ваквата навика се чувствувате уморни цел ден

Поради ваквата навика се чувствувате уморни цел ден

Д-р Сергеј Пантиќ, помошник директор во белградската Брза помош ги предупредува граѓаните.

Големата промена на времето на никого не му годи, а во последниве денови тој вели дека сè повеќе луѓе патат од главоболка, недоволно сон, малаксаност.

Д-р Сергеј Пантиќ, помошник директор во белградската Брза помош предупредил на опасностите кои што им се закануваат особено на луѓето кои што патат од низок крвен притисок.

Ова никако не смее да го правите веднаш по будењето
Д-р Пантиќ нагласил дека во Брзата помош најчесто се јавуваат луѓе кои што патат од низок крвен притисок, а навел и што е неопходно да прават луѓето за да ги избегнат таквите проблеми.

„Луѓето стануваат, па не појадуваат, а прво нешто што прават е тоа што пијат кафе. Доколку не појадувате и покрај тоа ви паѓа шеќерот, па ќе се напиете кафе кое што малку ќе ве расони, но тоа нема да ви го зголеми крвниот притисок, туку ќе ви го намали поради тоа што е диуретик“, објаснува д-р Сергеј додавајќи дека кафето може да го пиете сабајле, но доколку прво појадувате.

„Сè може, но прво задолжително појадувајте. Не треба да „скокнете“ од кревет веднаш по будењето, туку една минута до две треба да одморите, размислете малку што треба да правите тој ден, па станете“, советува д-р Пантиќ.

извор:точка.ком.мк