Живот и Стил

Пет здрави навики поради кои телото на Џенифер Лопез изгледа како да не старее!

Пет здрави навики поради кои телото на Џенифер Лопез изгледа како да не старее!

Ако ги споредите фотографиите на Џенифер Лопез од пред 20 години и сега ќе забележите како воошто да не старее. А тајната на нејзиниот изглед се здравите навики кои ги практикува цел живот.

Доколку и вие сакате да изгледате како неа на нејзините години, практикувајте ги овие пет совети:

1. Нејзините вежби се интересни и занимливи

Не е тајна дека Лопез напорно вежба и поминува многу време занимавјќи се со физички активности. Но. најголема тајна е што вежбањето може да го направи интересно и забавно. Без разлика дали станува збор за трчање низ скали или танцување како кардио тренинг, ако ги направите вежби интересени ќе може повеќе време да се посветите на физичките активности.

2. Џенифер е фан на дневни афирмации

Таа неодамна откри дека ја користи моќта на позитивното размислување за да си ја зголеми самодовербата и да биде сигурна дека секогаш се чувствува добро. А ако се чувствувате добро тогаш така и ќе изгледате.
„Афирмациите се многу важни. Секој ден си велам дека сум млада и безвременска. Си го кажувам тоа неколку пати дневно,вели Џенифер.

3. Џенифер користи масло за лице

Џеј Ло користи и висококвалитетни производи за нега на лицето. Џенифер обожава да користи масло за лице кое содржи „аквамарин“, а нејзините производи мора да содржат плава камилица.

4. Пие многу вода

Во едно интервју, Џенифер откри дека не пие алкохол и наместо тоа пие многу вода. Покрај водата и добриот сон е важен за неа, секој ден спие меѓу 6 и 8 часа.

5. Џенифер јаде здрава храна

Џенифер се храни многу здраво и користи неколку трикови на нутрицоинистката Хејли. Хејли им помага на нејзините клиенти да ја користат храната како гориво и тоа благодарение на разслични техники: конзумирање на овошје и зеленчук, исфрлување на храната која содржи шеќери. Хејли вели дека пресметувањето на калориите воопшто не е важно, но дека е важно да се појадува 30 минути по појадувањето, да се има три оброци и две ужинки.

🦁

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on